Џет-Сет
11. January 2017 - 9:57

Цеца со децата им помагала на повредените, детали за несреќата пред нејзината куќа

Синоќа, околу 23 часот, автобус удрил во куќата на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Повредените веднаш се згрижени, а причинета е поголема материјална штета.

Возачот најверојатно поради лошите временски услови изгубил контрола над возилото во стрмната улица. Се обидел да го запре автобусот, но не успеал во тоа и удрил во куќата на Цеца шри што се урнал еден столб.

Пејачката и нејзините деца во тој момент слушнале громогласен удар и истрчале да им помогнат, пренесува Блиц.

Повикале полиција и Итна помош која констатирала полесни телесни повредеи кај двајца патници.

За среќа избегната е поголема трагедија, иако местото на несреќата изгледа страотно - стакло има на секаде, открорнати се две дрва и бандера.

Со брза реакција на полицијата, сето тоа е санирано.