Цеца проговори за болеста
Светлана Цеца Ражнатовиќ, балканската дива, со емисијата „Магазин Ин" проговори за тешките моменти низ кои поминала во животот.
Година дена таа молчеше за ова но сега реши да открие дека всушност се работело за хормонско пореметување.
- Страшно се здебелив, имав сериозен здравствен проблем, Кога се решив од сеto тоа, се преполовив, вели таа.
Дисбалансот со кој мака мачела највеќе се одразило на нејзината килажа и расположение. Цеца нагло се здебелила цели 10 килограми, но со помош на терапија успеала да го преброди и тоа.
По тој повод Цеца апелира до сите да одат на редовен лекарски преглед.
-Имам некој женски хормонски дисбаланс, не е ништо страшно, тоа е женска фаза за овие години. Минатата година, телото ми сигнализираше дека нешто не е во ред, кога ги воочив симптомите веднаш заминав на лекар. Регулирав се за да не „отекувам “ повеќе. Отекувањето ми беше најголем проблем- рекла Цеца.
Таа пред неколку години имаше и операција на половината па поради тоа таа мораше да ги отстрани и имплантите од градите и стави помали.
-Советувам сите кои имаат било каков симптом веднаш да се обратат на лекар, несакам многу да зборувам за тоа, сепак се работи за мојата интима- рекла Цеца.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово