Џет-Сет
29. August 2016 - 9:43

Цеца направи хаос во Македонска Каменица, фановите направија 20 км колона пред градот

Светлана Цеца Ражнатовиќ одржа концерт за паметење во Македонска Каменица каде ја пречека градоначалникот Дарко Митевски.

Колку Македонците се воодушевени што Цеца одржа концерт покажува и тоа што до влезот во градот имало колона возила долга 20 километри.

Цеца излезе на бината пред 15.000 публика која го извикуваше нејзиното име, а настапот го започна со песната „Позив“.

Пејачката претходно пристигна во Скопје за да се подготви за настапот, а персоналот од хотелот во кој беше сместена ја пречека со букет цвеќе.

 
Foto Printscreen/Instagram