Цеца му рече не: Вељко не влегува на Фарма
До почетокот на Фарма 6 остануваат уште 15 дена и наголемо се шпекулира кој ќе биде учесник, а како бомба одекна гласината дека Вељко Ражнатовиќ ќе учествува во реалното шоу.
Бидејќи на големо се зборува дека Анабела Атијас и нејзината ќерка Луна, инаку блиска пријателка на синот на Цеца, ќе влезе на имот во Лисовиќ, се појави трач дека Луна го наговара Вељко заедно да се појават во реалното шоу.
-Луна речиси живее во куќата на Цеца, долго се дружат и му предложила заедно да влезат, за да се држат заедно и да прават шоу. Тој бил воодушевен, зошто сака медиумско внимание, за разлика од неговата сестра Анастасија, но кога мајка му разбрала што подготвуваат, полудела. Му објаснила дека тоа не е за него и дека мора школувањето да му биде на прво место и да заборави на таа луда идеја, наведува извор близок до Ражнатовиќи и додава дека Вељко по разговорот со сестрата на Цеца, Лидија сфатил дека се залетал премногу и дефинитивно се откажал од учеството.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците