Џет-Сет
2. January 2016 - 19:36

Цеца ја откри големата тајна на синот: Вељко ова го наследи од татко му...

Младиот Ражнатовиќ веќе неколку месеци е во турбулентна врска со Маша Терзиќ, а Цеца во една емисија откри што мисили за тоа.

Цеца Ражнатовиќ рекла дека Вељко е многу пожртвуван во врската и дека тоа го наследил од татко му Аркан.

-Мојот Вељко се бори за брилијантска папуча - рече Цеца во емисијата.

Водителката го пофали таквото однесување на Вељко, а пејачката додаде дека сите мажи би требало да бидат кавалери и џентлмени.

-Па и татко му беше таков. Јас сум среќна поради тоа. Сакам кога мажот е сервилен, романтичен и добар. Порасна со жени и воспитан е да биде внимателен со нив, рече Цеца.