Џет-Сет
20. јуни 2016 - 18:17

Цеца бесна: Нејќам ку*ви во мојата вила на Кипар!

Цеца Ражњатовиќ се налутила на нејзиниот братучед Милан Маринковиќ и му забранила да носи спозоруши во нејзината вила на Кипар. 
 
Како што дознава српски Курир, фолк ѕвездата пред заминување на Кипар му нагласила на својот братучед дека нема да дозволи на неговите девојки кои да ги менува како чорапи, да се мотаат во нејзината куќа. 
 
Маринковиќ не сакал да се убедува, туку мирно ја прифатил нејзината одлука. 
 
- Цеца никогаш не се противеше кој ќе доаѓа во нејзинаат куќа во Кипар, но не сака низ нејзината вила да минуваа разните девојки на Милан. Знае дека многу од тие девојки едвај чекаат да се најдат во медиумите и да се пофалат каде престојувале и веднаш да ги наречат снааи на Цеца. 
 
До сега секогаш молчела, но очигледно е дека и е дојдено преку глава, па конечно реагирала. Со оглед на тоа дека Милан во последно време  често ги менувал девојките кои постојано го користеа за медиумски простор, одлучила да му забрани да ги носи во Кипар, изјавил изворот на српски Курир.