Македонија
31. December 2017 - 15:31

Царовска за Нова Година со децата од социјалните центри од Скопје

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, новогодишната ноќ ќе ја помине со децата од социјалните центри од Скопје.

Од 23:30 па се до 30 минути до полноќ ќе биде во заводот за згрижување, воспитување и образование на деца „Ранка Миловановиќ“, каде ќе се организира лотарија со мали изненадувања за децата.

Предходно министерката Царовска ќе го посети домот за деца без родители „11 Октомври“, каде ќе подели симболични поклони и ќе ја проследи новогодишната претстава подготвена од децата како и ЈУ за згрижување на деца „Дом 25 Мај“.