Царовска: Вработените во нови градинки и обучени и со плата за работа со деца со нетипичен развој
Негувателките и воспитувачките пред се во новите градинки се обучени за работа со деца со нетипичен развој за нивна инклузија и имаат плата како за службеник кој работи со лица со попреченост, изјави министерката за труд и социјална работа Мила Царовска при посетата на Брвеница каде се гради нова градинка.
-По однос на сите нови градинки што се градат и обуките кои се во тек тие треба да бидат инклузивни. И децата кои се со типичен развој и децата со нетипичен развој треба да го посетуваат и предучилишното, основното и средното образование во рамки на нивните можности. Исто така и платите на негувателките и воспитувачките се подигнаа на ниво на плата на наставник кој работи со деца со одредена попреченост. Што значи дека и тие имаат свој коефициент и бод во вкупната плата која ја зголемивме сега за 16 проценти, а во октомври платата ќе биде исплатена со плус пет проценти што значи зголемување од 21 процент на вработените во градинките и со тоа очекуваме приемот на овие деца да биде соодветен и тие да се справуваат со предизвиците кои децата со попреченоста ги имаат, рече Царовска.
Руралните општини како Брвеница имаат можност да градат нови дневни центри и за лица со попреченоста над детска возраст.
-Доколку има потреба за развој на посебен дневен центар за возрасни лица со попреченост во оваа општина, тогаш Општината може да се пријави на огласот што сега е објавен на Министерството за развој на социјални услуги. И тука доколку се обезбеди простор ние би го тоа опремиле и дале финансиски средства со цел општината да стартува со социјална услуга дневен центар или друг тип социјален сервис што е потребен за ова и сите други општини. Општините да се подготват со иницијативи и да ги пратат до Министерството, порача министерката
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп