Царовска: Учењето не значи учебник
На новинарско прашање дека иако училишната година започна во некои училишта во Скопје ученици од четврто одделение немаат ниту учебници, ниту таблети, додека во најмалку две училишта ученици во шесто одделение немаат учебници по историја како овие ученици ќе учат и зошто овој проблем не бил решен пред да започне училишната година министерката Царовска рече дека учениците имаат таблети и учебници.
- Учениците имаат таблети, учениците имаат учебници. Родителите, наставниците и административниот кадар имаат обврска да ги спуштат дигиталните учебници на постојните таблети кои се во училиштата и втора работа е дека ги спуштаат по информации во вибер групи или емаил адреси за тие да ги инсталираат, изјави Царовска.
Министерката додава дека не постои никаков проблем дека учебници ќе има.
- Морам да истакнам дека учењето не значи учебник. Многу е значајно новата концепција да ја промени парадигмата на учењето, а тоа е идејата на новиот Концепт за учење, додава Царовска.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.