Бизнис
23. May 2020 - 16:47

Царовска тврди дека нема доцнење во третиот пакет економски мерки, опозицијата обвинува дека помошта е задоцнета

Вицепремиерката Царовска уверува дека не се доцни со уредбите за економските мерки од третиот пакет за справување со последиците од корона.  Вели дека мерките се донесени пред една недела, а веќе следната за дел од нив ќе бидат донесени и уредбите, по што ќе може да се имплементираат.

Од опозицијата пак обвинуваат дека мерките на СДСМ се задоцнети и со нив нема да  биде опфатен месец март кога беа затворени најголем дел од  бизнисите, а голем број работници останаа без работа.

Третиот сет економски мерки тежи  350 милиони евра. Со него се предвидени картички со 9. 000 денари за  невработени, ваучери за одмори, викенд без ДДВ. Владата со овој пакет планира да ја  стимулира домашната потрошувачка за да и помогне на економијата полесно да ги  надмине последиците од коронакризата, но сеуште не е утврднео кој се ќе биде опфатен со овие мерки и од кога ќе почнат да се применуваат.