Царовска: Се подготвуваме да отвориме Ресурсен центар за креирање родово одговорни политики и буџетирање
Владина делегација, предводена од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, присуствуваше на тридневна студиска програма за родово одговорно буџетирање, чиј домаќин беше Владата на Мароко.
Целта на студиската посета, соопшти Министерството за труд и социјална политика, беше запознавање со меѓународно признати добри практики на Ресурсниот центар за креирање родово одговорни политики и буџетирање во Рабат, Мароко.
Министерката Царовска ги презентираше напорите на Владата на Северна Македонија за институционализирање на родовото буџетирање во креирањето на националните политики и буџетирање.
– Северна Македонија веќе ги прави првите чекори во вклучувањето на родовите прашања во секторите и програмите. Имаме поволен екосистем да одиме понатаму и да ја унапредуваме агендата на родовата еднаквост. Оваа делегација е движечка сила која може да го направи тоа и што е уште поважно, имаме целосна поддршка од премиерот за да ја прифатиме оваа можност и да отвориме ваков ресурсен центар и во Северна Македонија, рече министерката Царовска, која ја предводеше владината делегација во Мароко.
Државниот секретар во Министерството за финансии, Елена Трпковска посочи дека работат на таа реформа.
– Реформите во областа на јавните финасии на кои во моментот е посветено Министерството за финансии, во целост го поддржуваат родово одговорното буџетирање преку воспоставување родови принципи, механизми и родово сензитивни индикатори, како и следење на нивното реалзирање, рече Трпковска.
Раководителот на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ истакна дека телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women, во постојана соработка со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии, ги поддржува иницијативите за родово одговорно буџетирање во земјата.
– Оваа студиска посета е дел од подготвителната фаза за отворање на првиот Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во Северна Македонија, рече Ивановиќ.
Студиската посета е во рамките на проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида, и спроведен од UN Women.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација