Царовска: Работодавачите да ги почитуваат препораките за заштита на работниците поради портокалова фаза
Работодавачите да ги почитуваат препораките издадени од надлежните министерства за заштита на работниците поради неповолните временски услови, односно прогласената портокалова фаза, порача денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која присуствуваше на означување почеток на реконструкцијата на поранешниот „Пионерски дом“ во градинка.
- Од денеска до недела е портокалова фаза. Министерството за здравство објави, ние преземавме, ги информиравме во Државниот инспекторат за труд, повторно објавивме соопштение дека сите работодавачи се обврзани да ги почитуваат препораките. Дадовме и мобилен телефон и ги замолувам сите граѓани кои што имаат потреба да пријават на тој телефон и дежурните инспектори ќе бидат на терен цел викенд, изјави министерката Царовска.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали досега има поплаки, рече дека до неа нема пристигнато, но изрази уверување дека има пристигнато поплаки до Државниот инспекторат за труд.
- Знаете дека многу тешко ни оди работодавачите да ги почитуваат одредбите, но много е важно, здрави работници кои што се способни за работа и се потребни на Македонија и затоа е важно да ги заштитиме во вакви моменти, да се почитуваат препораките е моја препорака како министер, нагласи Царовска.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење