Царовска: Продолжува процесот на деинституционализација
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги посети првите деинституционализирани лица од ЈУ Завод за рехабилитација „Бања Банско“, институција за згрижување лица со физичка попреченост.
Двојката, Фанка Динова и Јонче Гогов, од април годинава ја напуштија установата и се преселија во семејната куќа на Фанка, во гевгелиското село Миравци. Обајцата претходно беа сместени во Заводот уште како деца и во него поминале повеќе од триесет години.
– Посебно се радувам што процесот на деинституционализација со кој изминатиот период беа опфатени само децата згрижени во институции, сега се спроведува и за повозрасните лица. Нашите заложби се во следните три години повеќе да нема лица сместени во институции и тие да станат дел од општеството, да живеат самостојно во заедницата со соодветна поддршка за што веќе развиваме сервиси на локлано нивно, рече министерката Царовска.
Делот од семејната куќа на Фанка беше реконструиран со финансиска поддршка од шведската фондација „Лоза“ и е обезбедена целосна пристапност. МТСП и агенцијата UN Women обезбедија личен асистент за поддршка на Фанка и Јонче во секојдневниот живот.
Сите активности се прават согласно Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник“ 2018-2027 и претставуваат премин од досегашниот застарен систем за социјална заштита заснован на „безлични“ институции, кон современ систем за поддршка и грижа во заедницата. Процесот на деинституционализација целосно ги почитува човековите права и ги зајакнува корисниците со што го поттикнува нивното активно учество во животот на заедницата и општеството.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота