Бизнис
12. July 2018 - 19:38

Царовска: Правиме напори за намалување на невработеноста

Размена на идеи на организациите и приватниот сектор за зајакнување на меѓусебната соработка, која треба обезбеди поквалитетен пазар на трудот во Македонија, е целта на координативниот состанок за вмрежување на активностите за развој на работната сила во земјава.

- Правиме заеднички напори за решавање на еден од најгорливите проблеми во македонската економија-креирање на работна сила со вештини и компетенции кои соодветствуваат на потребите на пазарот на трудот во Република Македонија и со тоа намалување на невработеноста, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која се обрати на состанокот.

Таа потсети дека МТСП активно ја спроведува програмата младинска гаранција. Пилот проектот се реализира во три општини.  Досега дури 1.708 млади лица се пријавиле во Агенцијата за вработување, а од нив 490 веќе успеале да се вработат. Има такви, односно над 70 кои основале свој бизнис искористувајќи ги мерките за помош од државата.

Министерството продолжува да работи заедно со посредници и АВРМ  за зголемување на достапноста на работните места. Исто така, се отвораат тренинг центри за стручно образование во кои невработените лица ќе добиваат соодветна обука.

Денешниот состанок беше организиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, Министерството за труд и социјална политика, а присутни беа и други владини агенции, организации и донаторски проекти.