Царовска: Повеќе од 90 проценти од учениците се вклучени во онлајн-наставата
Повеќе од 90 отсто од учениците ја следат онлјан-наставата и се вклучени без проблеми во неа, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска при работната посета на штипските образовни институции. Посочи дека на дневна основа се следи како се одвива процесот со онлајн-наставата и, како што рече, е на задоволително ниво.
– Никогаш не можеме да кажеме совршено затоа што треба да бидеме реални. Со условите во коишто живееме и со капацитетите со кои располага државата, со нив менаџираме во моментов. Во октомври почнавме со 70 проценти од учениците да бидат вклучени во онлајн-наставата, за денес да имаме повеќе од 90 проценти од учениците вклучени без проблем во онлајн-наставата. Наставниците се исто така задоволни, рече Царовска.
Според министерката за образование, моделот на настава што е избран во нашата земја во овој момент покажува одлични резултати.
– До вчера, само 66 ученици и само 160 наставници во наставата со физичко присуство се позитивни. Тоа во проценти е 0,05 од учениците коишто се со физичко присуство, и помалку од еден процент од наставниците. Тоа укажува дека во образовниот систем пандемијата е под контрола и бројките се ниски, рече Царовска.
Министерката и денеска повтори дека првото полигодие од учебната година 2020-2021 година ќе заврши на крајот на годинава, согласно со Планот за учебната година објавен во Службен весник, и второто полугодие ќе почне на 21 јануари.
-Второто полугодие ќе трае до 10 јуни доколку условите и здравствената ситуација остане на ова ниво, рече Царовска.
Министерката за образование и наука и вршителот на должност градоначалник на Штип, Јане Миланов денеска го посетија и регионалниот електро-машински училишен центар „Коле Нехтенин“-Штип, каде што се направени големи инвестиции во подобрување на условите за едукација на учениците.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува