Царовска : Подготвени сме за успешна учебна година и спроведување на реформите
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа редовен координативен состанок со директорите на основните училишта на кој, како што информира МОН, беше заклучено дека училиштата се подготвени за започнување на новата учебна година од 1 септември по новата Концепција и според потребните здравствени протоколи. Од почетокот на оваа учебна година, Реформата почнува да се спроведува во прво и четврто одделение.
– Како што веќе сте запознати, во тек е дистрибуцијата на новите учебници за прво одделение до училиштата, пишувани според новата наставна програма. Навреме ќе бидат достапни и дигиталните материјали за учење за четврто одделение кои ќе бидат само уште една алатка повеќе во успешното совладување на материјалот. Првпат имаме и навремена испорака на учебниците за останатите одделенија кои ги побараа училиштата согласно договорите, а се однесуваат на останатите одделенија кои годинава не се опфатени со реформата, рече Царовска.
Како што информира МОН, министерката со директорите разговараше и за опремувањето кабинети по природни науки во училиштата кое е во тек, но и за обезбедувањето на потребните дидактички помагала во рамките на самите училници.
– Во училиштата се поставуваат интерактивни табли каде што учениците ќе може да ги гледаат содржините кои се предаваат. Исто така, МОН набави 10 000 таблети за учениците од социјално загрозените семејства од четврто одделение и 3000 се веќе дистрибуирани до вас, им рече Царовска на директорите.
Целта на реформите е да обезбедат современо и квалитетно образование за секое дете.
– Затоа, покрај дигитални материјали, првпат во образовниот процес се воведуваати инклузивни материјали за учење како што се учебници со Брајово писмо во аудиоформат, наведува МОН.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари