Бизнис
24. January 2020 - 19:09

Царовска очекува повеќе компании да аплицираат за мерката за повисоки плати

Над 106 илјади работници добиле повисоки плати  како резултат на мерката ослободување од плаќање придонеси. Таргетот е постигнат, на  25%  од вработените им се зголемени платите од 600 до 6.000 денари, задоволна е вицепремиерката Царовска..  Работодавачите ги користат  пооилностите државата да им плати придонесите,  но простор и   финансиски средства за фирмите кои не аплицирале, се уште има .

- До сега ,во декември  искористени се  над 150 милиони денари, а во буџетот месечноза оваа намена се издвоени 200 милиони денари. Значи има доволно финансиски средства и за оние компании кои до сега не ги зголемиле платите на вработените, изјави Мила Царовска , вицепремиер за економски прашања

Владините претставници во посета на компанија, која токму преку ова мерка им ги зголеми платите на 70% од вработените

Во просек ги зголемивме платите за 12%. Но ние не ја следиме минимлната плата, кај нас платите се над 25,000 денари, изјави Хисни Даути

Ова е еклатантен пример за компанија која успешно ја користи мерката, која дава резултати, додава Сања Лукаревска, директор на УЈП.

Согласно законските измени, сите работодавачи кои сакаат да ги зголемат платите на вработени до 6,000 денари , придонесите, односно пензискоро и здравствено осигурување ќе им го плати државата. Обврска за газдите останува да го платат персоналниот данок. Мерката предвидено е да трае три години, за која се издвиени 39 милиони евра.