Бизнис
13. April 2018 - 19:32

Царовска: Нема да се зголемува старосната граница за пензионирање

И  покрај препораките на меѓународните финансиски институции Владата нема да ја зголеми старосната граница за пензионирање. Се бара друго решение за спас на ПИОМ. На кој начин ќе се пополнува дефицитот во фондот министерката Царовска не открива. Сеуште се работи на анализата.

Пред неколку дена од Светска банка  повторија дека зголемувањето на возраста  е една од можните опции за подобрување на состојбата на пензискиот систем. Можна е и промена на методологијата на пресметка. Тие работат на реформите но, и покрај нивните препораки велат крајното решение зависи од Владата.

- Прашањето е која ќе биде усвоената комбвинација на мерки во текот на времето но сеуште сме далеку од одлука на Владата и тоа не е наше. Ние само обезбедуваме техничка анализа на симулациите во оваа фаза, вели Мантованели од Светска банка.

Претходно и ММФ препорача продолжување на работниот век. Домашните експерти излегоа со истото решение. Според нив најдобро е старосната граница и придонесите постепено да се зголемат. На ова бурно реагираа синдикатите кои посочија дека за дефицитот во фондот најмалку се виновни работниците и го отфрлија ваквиот  предлог.