Македонија
27. January 2021 - 20:00

Царовска на средби со професорите за новата концепција

Министерката пронајде нови поддржувачи на концептот за основно образование  помеѓу универзитетски професори. Реформите се нужно неопходни а она што го нуди МОН е во черок со современите светски образовни системи сметаат претставниците од  високобразовните установи.

Привршуваат засебните дебати со специфични целни групи по што ќе следи  јавна расправа во Собранието.

Од ВМРО ДПМНЕ реагираат дека платените професори кои ги фалат реформите  прават дополнителна штета и ќе предизвикаат крах на образовниот систем.

Во меѓувреме постојано пристигнуваат реакции од професори, универзитети и организации за новиот концепт. По вчерашната средба помеѓу Царовска и граѓанскиот сектор, реагираа од Првата детска амбасада Меѓаши кои тврдат дека не биле поканети за дискусија  иако се едни од најзасегнатите кога се во прашање воспитно образовниот  процес на децата и младите.