Македонија
5. December 2017 - 9:26

Царовска на конференцијата „Квалитетно образование - за раст и развој, успех и подобра иднина”

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во рамките на конференцијата „Квалитетно образование - за раст и развој, успех и подобра иднина” ќе има воведно обраќање на тема „Темел за успех на училиште и во животот - важноста на образованието во раното детство”.

Конференцијата е организирана под водство на Владата на РМ, Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика заедно со УНИЦЕФ.