Царовска: Ќе продолжиме со зголемување на пензиите согласно растот на платите и трошоците за живот
Пензискиот систем е стабилен, а за него се обезбедени финансиски средства од Буџетот на РМ. Пензиите ќе си течат регуларно без да има никаков застој, информираше денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното во ресорот во првите сто дена од формирањето на Владата.
- Обезбедени се и дополнителни средства за да може просечниот пензионер со усогласувањето годишно на пензиите да добие околу 2.000 денари. Ние ќе си продолжиме со овој процент на зголемување на пензиите согласно растот на платите и порастот на трошоците за живот што е праведно и што е согласно законот, така што немаме никаков проблем, истакна Царовска.
Појасни дека воспоставениот Совет за пензиски реформи, којшто е владин, е поддржан од Светска банка што, според неа, е важно за да имаме стабилен и одржлив пензиски систем. Министерката рече дека работат на создавање одржливост, како и дека истите мерки ќе бидат донесени на Совет со експертизата на Светска банка и ќе бидат презентирани.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана