Царовска без конкретен одговор дали ставот на Ахмети ќе влијае на односите во коалицијата
Сите наоди во врска со непрефрлувањето средства во Вториот пензиски фонд се предадени во Основното јавно обвинителство. Соглано Кривичниот законик, сите што водат државни институции, органи на управата и јавни претпријатија имаат обврска, се што ќе идентификуваат како недостаток да го достават до другите надлежни институции, а тоа во случајов не е Министерството за труд и социјална политика.
Вака министерката за труд Мила Царовска денеска одговори на новинарско прашање во врска со ставот на лидерот на ДУИ Али Ахмети по обелоденувањето на случајот со Вториот пензиски фонд.
-Повторувам дека Министерството за труд е орган на државната управа и управува со елементите поврзани со социјална заштита, пензиски систем и детска заштита. Во таа насока, за да се направи пензиската реформа, се направија детални анализи и се утврдија недостатоците во системот. Се она што се виде и се утврди како заостанување и недостаток на одредени финансиски средства кои не биле префрлувани кај граѓаните во Вториот столб, го направивме како законска измена и ги обесштетуваме граѓаните. За сите други елементи ќе ве упатам во Основното јавно обвинителство каде се предадени сите пронајдени елемнти, напомена Царовска на прашањето „дали меѓу СДСМ и ДУИ постои проблем што граѓаните не го знаат и дали „оваа војна“ меѓу неа и Ахмети ќе влијае врз односите на двете партии.
Царовска заедно со министерот за земјоделство Љупчо Николовски присуствуваше на презентацијата на проектот „Мерење на нивото на зајакнување на жените во земјоделството со примена на експериментален економски метод“ што се одржа на Факултет за земјоделски науки и храна.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата