Царовска - Бабиќ: Македонија и БИХ може да разменуваат искуства во делот на социјалната заштита
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Лепа Бабиќ.
Од Министерството соопштија дека на средбата станало збор за унапредувањето на соработката меѓу двете земји, но и во целиот регион, на правата од социјалната заштита, како и инклузија на лицата со попреченост и со ретки болести.
- Македонија и Босна и Херцеговина, може да разменуваат искуства за различни сфери од секторот социјална заштита и со тоа меѓусебно да се поддржуваат и да си помагаат. Такви иницијативи веќе постојат за црпење на искуства за центрите за активно стареење кои во БиХ веќе подолго време одлично функционираат, истакнала министерката Царовска на средбата.
Амбасадорката Бабиќ најавила дека ќе иницира потпишување меморандум за соработка во делот на социјалната заштита, што треба да придонесе за олеснување и зајакнување на комуникацијата и соработката меѓу институциите и експертите од двете држави.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите