Македонија
3. September 2021 - 11:37

Царовска: 14 деца низ училиштата во Македонија заразени со Ковид-19

Во изминатиот ден имавме само 14 позитивни случаи кои немаат интерна трансмисија што е 0,01 процент од вкупниот број ученици во државата., кажа Царовска на денешната прес-конференција.

- Немаме заразени ученици во училиште. Не постои интерна трансмисија во ниту едно училиште. Државниот санитарен инспекторат и епидемиолошките служби се на терен. Кои деца или наставници се позитивни имаат информации надлежните. Процентот на позитивни е 0,01 отсто на ниво на држава, што укажува на стабилност на состојбата. Покажување со прст на школо или ученик нема да донесе добро за никого. Значајно е дека здравствените служби се ставени на располагање и постапуваат согласно протоколите – посочи Царовска, апелирајќи да се почитуваат превентивните протоколи.