Царинска управа: Запленет автобус адаптиран за криење стока | ФОТО
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги, на граничниот премин „Табановце“ откриле автобус специјално конструиран, адаптиран и со изменет простор, со цел криење на стока. Автобусот е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд, известуваат од Царинската управа.
Оттаму, соопштуваат дека завчера, на 8 септември, за излез од државата на граничниот премин „Табановце“ се пријавил автобус од српска фирма превозник, кој врши редовен превоз на патници на релација Скопје – Белград.
- Од страна на царинските инспектори од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, автобусот бил селектиран за детална контрола, при што се откриени прегради во делот на креветот за возачи, каде бил направен отвор од каде може да се пристапи до тешко пристапни делови во задниот дел од автобусот. Отворот бил затворен со метална преграда, а врз тоа била ставена дрвена тапацирана плоча, што претставува специјално адаптиран простор – бункер, со цел шверцување на стока, информираат од Царинската управа.
Согласно член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон, автобусот-предмет на прекршок е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.
Ново на Сител
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд
-
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка