Царинска управа: Запленет автобус адаптиран за криење стока | ФОТО
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги, на граничниот премин „Табановце“ откриле автобус специјално конструиран, адаптиран и со изменет простор, со цел криење на стока. Автобусот е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд, известуваат од Царинската управа.
Оттаму, соопштуваат дека завчера, на 8 септември, за излез од државата на граничниот премин „Табановце“ се пријавил автобус од српска фирма превозник, кој врши редовен превоз на патници на релација Скопје – Белград.
- Од страна на царинските инспектори од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, автобусот бил селектиран за детална контрола, при што се откриени прегради во делот на креветот за возачи, каде бил направен отвор од каде може да се пристапи до тешко пристапни делови во задниот дел од автобусот. Отворот бил затворен со метална преграда, а врз тоа била ставена дрвена тапацирана плоча, што претставува специјално адаптиран простор – бункер, со цел шверцување на стока, информираат од Царинската управа.
Согласно член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон, автобусот-предмет на прекршок е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.
Ново на Сител
-
Комерсант: Путин може многу скоро да ја објави кандидатурата за претседателските избори во 2024.
-
Во болница во Индија во еден ден починале 12 бебиња
-
Усвоена одлуката за формирање работна група за изнаоѓање заедничко решение околу прашањата покренати од Синдикатот на УПОЗ
-
Евролигата најави неколку промени во правилата во пресрет на новата сезона
-
Хантер Бајден се изјасни за невин по обвиненијата за набавка на огнено оружје
-
САД ја изрекоа првата казна за вселенски отпад
-
Запленети околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва
-
Од утре почнува аплицирањето за зелена карта за САД