Балкан
10. July 2017 - 18:55

Цариниците пронашле 17 пакети во возило - кога ги отвориле се запрепастиле

Полицијата на граничниот премин Хоргош, на излезот од Србија, денес запленила скоро осум килограми марихуана во возило со швајцарски регистерски ознаки.

Како што се навеедува, дрогата била спакувана во 17 пакети и била скриена на прагот од автомобилот, со кој управувал 52-годишниот Ч.Д. 

Осомничениот веднаш бил приведен.