Бизнис
11. July 2019 - 17:41

Царината запленила над 16 тони цигари и 13 тони тутун

Царина запленила 16 и пол тони цигари и 13 тони тутун.

Во два наврати, во камион и комбе на Табановце биле пронајдени вкупно 11 милиони парчиња цигари од кинески марки.

Tутунот бил пронајден во камион за кој било пријавено дека пренесува хартија за виткање тутун.

Против сторителите поднесени се кривични пријави, и им се заканува затворска казна од 1 до 10 години.