Бизнис
14. October 2019 - 21:08

Царината ќе ја засили контролата на стоката која се внесува од други земји

Ќе се скенираат сите пратки кои стигаат во земјава. Веќе проверката нема да се врши рачно.

Царината ќе ја засили контролата на стоката која се внесува од дргуи земји, а потоа преку нерегистрирани трговци се нуди на продажба на социјалните мрежи и се продава на врата.

Ова се дел од начините преку кои државата ќе се обиде да стави крај на сивата економија во електорнската трговија.

За незадовоните купувачи на вака купените државата нема надлежност. Затоа ќе се бара начин и купувачите да се обучат да внимаваат од кај нарачуваат. А УЈП од друга страна ќе прави обиди да ги вклопи во системот не регистрираните трговци.

Во земјава има околу 960 регистрирани е трговци. Кај нив плаќањето со картичка е зголемено за 26% з заклучно со јуни годинава односно направен е промоет од 86 милиони евра.