Бизнис
14. August 2018 - 21:26

Царината ќе има право да ги блокира сметките на граѓаните

Царинската управа со најавените измени во Законот за банки ќе добие право да блокирa банкарски сметки на физичките лица кои имаат царински долг, со цел присилна наплата на долгот. Досега постапката се вршела преку Управата за јавни приходи бидејќи немало законски основ Царина да побараа блокирање на сметката директно во банка.

Според податоците на Царина, околу 100 физички лица должат околу два милиони денари за кои би требало да се побара од банките блокирање на трансакциските сметки.

Граѓаните стравуваат дека може да дојде до злоупотреба на нивните податоци бидејќи засега не е познато колку вработени во Управата ќе имаат пристап до податоците на граѓаните. Од УЈП уверуваат дека податоците се сигурни.

Дирекцијата за заштита на личните податоци дала негативно мислење за Законот за банки, бидејќи предложените законски решенија не се во согласност со начелата за заштита на личните податоци од Законот за заштита на лични податоци.