Бизнис
10. January 2019 - 19:32

Царина: Новите вработувања се заради зголемениот обем на работа

Четири години немало вработувања во Царината, а обемот на работа растел. Затоа сега се бараат 80 нови работници. Директорот на  Царината објаснува со приближувањето кон ЕУ, Управата презема и нови надлежности заради што имаат потреба од нов кадар. Бројот на вработени во инситуцијата  во овие 4 години е намален од 1132 на 1076 лица.

Премеирот Заев посочи дека со новите вработувања во адмиистрацијата нема да се пополнат сите испразнети места туку само оние кои се најпотребни. А онаму каде ќе се јават вишоци очекува да бидат примени од приватниот сектор.

Со реформите во админситрацијата се предводува да се  намали бројот на работници , но според Заев новите вработувања ќе помогнат за поголема ефиканост на самата администрација.

За опозицијата со новите вработувања власта купува гласови  пред претседателските избори.

Огласот на Царината беше објавен на  8 јануари и трае до денеска. Рокот бил само три дена затоа што станува збор за вработувања на определено време, на една година. Се бараат цариници, наплатувачи, началници, советници.

Овој оглас е само еден  од многуте кои деновиве се објавија. Денеска и секретаријатот за европски прашања преку оглас бара  13  раководители.