Македонија
25. November 2021 - 20:12

Царина не знае колку од патниците од сите 4 автобуси се вратиле во Македонија

Царинската управа не знае колку патиници се вратиле во земјава по патувањето во Истанбул. Сител денеска праша колку вкупно патиници имало во четирите автобуси на Беса транс на излез и влез во земјава. Во одговорот добивме бројки за четирите автобуси кои ја напуштија земјава. Во кобното возило имало 51 патник и еден возач. Во вториот автобус на излез од земјава имало возачи и 51 патник. Другите два автобуси имале едниот 54 патници другиот 40 патници и во двата се евидентирани возачи. Но, овие два автобуси имале само рачно напишан список со патници, на листите нема печат, нема број, датум, регистарска ознака и релација. За тоа колку патници влегле во земјава број нема, затоа што како што ни појаснија од Царина, секторот за внатрешна контрола има многу работа и тој податок с еуште не е обезбеден. 

Исто така Царинската управа досега нема информации дали нинвните податоци се совпаѓаат со тие на нивните колеги на турската и бугарската граница. Дали превозникот Беса турс и друг пат работел на истиот начин, со нецелосни документи, од Царина велат дека во тек се проверки на документацијата од претходниот период. 

За конкретниот случај, за денот кога автобусите излегле од земјава, суспендирани се двајца вработени, а за нивниот раководител се знае дека ќе биде казнет. Тоа значи дека против цариниците ќе биде поведена дисциплинска постапка и суспензија од работа. По завршувањето на дисциплинската постапка ќе се знае и казната која ќе биде согласно законите. На нашето прашање, дали во случајот има корупција или само ненамерна грешка, од управатани одговорија дека е утврден пропуст при работа, а дали постои корупција не може да се утврди.