Македонија
25. April 2016 - 17:18

Цановски обвинува за политички реваншизам - Трајковски тврди дека „Космос“ бил надвор од сите планови

Рушењето на објектот Космос е политички реваншизам и за тоа треба да одговараат сите инволвирани во процесот. Сопственикот на комплексот и прв човек на партијата за европска иднина Фијат Цаноски бара од претседателот Иванов да ја повлече аболицијата и случајот да се решава низ судска постапка. Според Цаноски општината не постапила согласно законите кога е уриван објектот и затоа градоначалникот треба да си поднесе оставка.

На обвинувањата од Цаноски одговори првиот човек на Гази Баба, Трајковски. Според градоначалникот општината во текот на целиот процес работела согласно законите и надлежностите а тоа неколку пати досега било докажани и низ судските инстанци. Трајковски вели дека Цаноски е тој кој не постапувал согласно договореното.

Според градоначалникот случајот кој сега го води Специјалното јавно обвинителство е тенденциозен, бидејќи според него на пресконференцијата не биле објавени документите кои биле доставени од страна на општината. Трајковски вели дека и покрај тоа што Гази Баба соработувала биз никаков проблем со СЈО сепак документите не биле презентирани во јавноста.