Балкан
30. May 2017 - 9:22

Цакалотос оптимист за решение за проблемот со грчкиот долг

Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос е оптимист и смета дека на средбата на еврогрупата на 15 јуни ќе биде најдено решение за должничкиот проблем на Грција.

Во интервју за „Шпигел“, Цакалотос искажува убеденост дека и неговиот германски колега Вофганг Шојбле работи во насока за изнаоѓање решение за проблемот со грчкиот финансиски долг.

- Никој не сака банкрот на Грција и тоа најмалку го сака Шојбле, изјави Цакалотос.

„Шпигел“ нагласува дека во моментот се одвиваат „исклучително тешки разговори зад кулисите, бидејќи се е одново изложено на ризик“.

Ако на 15 јуни не биде постигнат догвоор, Грција е соочена со банкрот - во јули истекува рокот за враќање на седум милијарди евра кредити.

По средбата на 22 мај, Шојбле рече дека е „навистина разочаран“ од неуспехот на преговорите на средбата на министрите за финансии од еврозоната.

Ново на Сител