Свет
10. October 2017 - 14:26

Цаи вети дека ќе ја брани слободата и покрај притисокот од Кина

Претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен денеска вети дека ќе ја брани слободата и демократијата на островот и покрај зајакнатиот притисок од страна на Кина. 

Во обраќањето пред група граѓани и странски претставници пред зградата на Претседателството, по повод одбележувањето на Националниот ден, Цаи порача дека островот нема да подлегне на притисокот. 

Цаи, која вети дека ќе го одржи мирот со Кина, нагласи дека нејзината Влада се уште се обидува да направи продор во односите со Пекинг. 

Таа додаде Тајван ќе продолжи да ја обезбедува слободата, демократијата и начинот на живот на островот, како и дека ќе го обезбеди „правото на народот на Тајван да одлучува за својата иднина“. 

Кина ги прекина контактите со Владата на Цаи кратко време по нејзината инаугурација минатата година и одби да ги обнови, се додека Цаи не го поддржи ставот дека Тајван е дел од кинеската територија. 

Пекинг се заканува дека ќе демонстрира сила со цел да ја презеде контролата над островот и постојано го зголемува дипломатскиот и економскиот притисок врз Тајпеј.