Македонија
13. September 2018 - 16:18

Бушати ги повика Албанците да го поддржат договорот на претстојниот референдум

Министерот за надворешни работи на Албанија е убеден дека  Албанците во Македонија масовно ќе учествуваат во актуелниот рефрендумски процес во земјава. Бушати во тоа се уверил за време на контактите и средбите кои ги имал за време на посетата во државата . Тој ги повика граганите да гласаат за доворот кој , како што истакна, е значаен не само за Скопје и за Атина туку и за  целиот регион.

Договорот меѓу Македонија и Грција има исклучително значење за демократската стабилност во регионот и за нашата заедничка евроатлантска перспектива. Затоа апелирам на сите граѓани на вашата земја, особено на Албанците кои живеат тука да дадат поддршка на историскиот Преспански договор.

Министерот Димитров се заблагодари на дипломатската поддршка, која деновиве доага не само од соседите, туку и од ниоза европски и американски државници и и функционери.

Според Бушати,  климата мегу двете земји е подобрена . Застапеноста на Албанците во Македонија  е на задоволително ниво, а од дуга страна Тирана ги признава и почитува македонското малцинство во Албанија.