Балкан
28. February 2016 - 10:59

Бушати: Албанија ниту ги отвора, ниту ги затвора границите за бегалци

Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, кој се наоѓа во посета на САД, во интревју за Гласот на Америка, изјави дека Албанија нема да подига ѕидови, во случај бегалците и мигрантите да почнат да ја користат оваа земја како транзитна на патот кон западноевропските држави.

Според него емигрантската криза е заеднички предизвик.

-Подигање ѕидови не е решение за проблемот со емигрантите, бидејќи предизвикува синџир реакција кај соседите. Албанија ниту ќе ги отвори, ниту ќе ги затвори границите. Нашата земја ќе и биде верна на ЕУ, изјави Бушати.

Албанскиот премиер Еди Рама, пред два дена, гостувајќи во емисијата „Топ стори“ на тиранската телевизија Топ-чанел, изјави дека државата нема да стане нова маршрута за мигрантите кои одат кон Западна Европа.

- Ние ниту имаме услови, ниту сила, ниту ентузијазам да го спасуваме светот, додека други затвораат граници, изјави Рама.

Според него Албанија не може да го поднесе целиот товар, но доколку товарот се распредели и неговата земја ќе го преземе делот што и следува.