Балкан
23. October 2018 - 21:12

Бурно на граничниот премин кај Бихаќ: Мигрантите сакаат да го блокираат сообраќајот, децата извикуваат „Хрватска!“

Група мигранти во која има и многу деца, се обидува да го блокира сообраќајот кон граничниот премин Изачиќ.

Истовремено, опкружени со полиција, децата гласно извикуваат: „Хрватска!, Хрватска!“.

Семејствата со деца се вознемирени и се обидуваат да тргнат кон Изачиќ откако преноќија под ведро небо.

„Цела ноќ беа тука и не го попречуваат сообраќајот. Кренаа некои мали шатори, а во таа група има и малолетници, деца и жени, а цело време со нив се службениците на Граничната полицијата и МВР на Унско-санскиот кантон“, изјави портпаролката на Граничната полиција на БиХ Санела Дујковиќ.

„Немаше интервенција и мигрантите добро се чувствуваат. Немаше инциденти, ниту потреба за медицинска интервенција“, додава таа.

Група мигранти во понеделникот го помина патот од Бихаќ до Изачиќ, а потпат им се придружуваа и други мигранти.

Кордон гранични полицајци им го спречи поминувањето на околу 200 метри пред граничниот премин, по што почнаа преговори да се вратата кон Цазин, но повеќето одлучија да останат и да преноќат под ведро небо.

Поголема група мигранти во понеделникот од вратена од граничниот премин Маљевац кај Велика Кладуша.