Македонија
19. April 2016 - 17:09

„Буре барут“ за 70-годишниот јубилеј на Драмски театар

Претставата „Буре барут“ на Дејан Дуковски, а во режија на Сашо Миленковски в четврток премиерно ќе биде изведена во Драмски театар-Скопје. Премиерата е во рамки на 70-годишниот јубилеј на оваа национална установа. 

Во претставата играат Лазе Манасковски, Иван Петрушевски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Благица Димитровска, Јовица Михајловски, Александра Павлова, Игор Стојчевски, Емилија Мицевска, Рубенс Муратовски, Благој Чоревски...Музиката е на Венко Серафимов, а кореографијата на Валентин Апостоловски. 

„Буре барут“ е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски и е изведуван во Грција, Јапонија, Германија, Хрватска, Данска, Холандија, Шведска и Бугарија.

Според сценариото на „Буре барут“ е снимен и игран филм.