Џет-Сет
23. October 2015 - 20:55

Бурата помина - еве што се случува со бракот на Аца Лукас

Фолкерот Аца Лукас пред два месеци поднесе барање за развод, а сега тврди дека ги надмина сите брачни проблеми. Дури е и сигурен дека ќе остари покрај Соња Вуксановиќ.

„Меѓу нас е се во ред. И кога не е ево ред, е во ред. Ниту таа ќе ме остави, ниту јас неа. Никогаш“, изјави Аца за српски Блиц и додаде дека има поддршка од неговата сопруга за се што прави.