Бурата Офелија ја зема првата жртва во Ирска
Бурата Офелија денеска го погоди јужниот брег на Ирска, при што загина една 70-годишна жена, откако врз нејзиното возило паднало дрво.
Бурата предизвика бранови кои достигнуваат и до 10 метри височина.
Околу 210.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
- Офелија е многу опасна бура. Последниот пат кога имавме вакво невреме загинаа 10 лица, наведе ирскиот премиер Лео Варадкар.
Тој предупреди дека и по преминувањето на бурата ќе останат многу опасности поради паднатите дрвја и далноводи.
Велика Британија издаде предупредување за поплави.
Како последица од Офелија, во местото Корк, се урнал дел од трибината на фудбалскиот стадион.
Во текот на ноќта Офелија ослабна од ураган во бура, а ветрот достигна брзина од 176 километри на час.
- Ударите на ветрот се опасни по живот, предупреди претставникот на ирската Национална служба за вонредни ситуации, Шон Хоган.
Сите образовни институции во Ирска се затворени поради невремето.
Во Шкотска, Велс и делови на Англија е издадено „жолто-предупредување“.
Метеоролозите нагласија дека Офелија е најсилниот ураган некогаш забележан во Атлантскиот Океан и прв од 1939 година што „пристигнал“ толку далеку на север.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување