Свет
10. August 2020 - 9:38

Бурата Елида во близина на Мексико станува ураган

Тропската бура Елида, која се формираше во близина на пацифичкиот брег на Мексико, според најавите, денеска треба да прерасне во ураган.

Невремето се движи од копното и за сега нема предупредувања, но американскиот Национален центар за урагани наведува дека делови од западниот мексикански брег и јужна Калифорнија во наредните два дена би можеле да бидат погодени.

Елида синоќа донесе ветер со брзина од 100 километри на час, јавија локалните медиуми.

Во соопштението на Националниот центар за урагани се наведува дека Елида денеска ќе стане ураган и утре ќе почне да слабее.