Свет
24. October 2019 - 16:26

Бура и поплави во јужна Франција, најмалку тројца мртви

Најмалку три лица загинаа во невремето и поплавите што го зафатија југот на Франција оваа недела, соопшти денеска француската Влада.

Бурата и поројниот дожд беа толку интензивни што носеја автомобили во некои градови во регионот.

Ширум Франција, улиците и патиштата се сериозно оштетени и покриени со кал.

Францускиот метеоролошки институт вчера објави дека невремето и поројните дождови и денеска ќе се задржат во јужна Франција.