Кошарка
22. December 2015 - 13:04

Бунтиќ неизвесн во составот на МЗТ Скопје за мечот против Партизан

 
 Екипата на МЗТ Скопје Аеродром во престојниот меч против Партизан во АБА лигата, најверојатно ќе биде без центарот Душко Буниќ.
 
Буниќ кој поради повреда на скочниот згоб на последниот меч во Ваљево, одигран во саботата, каде МЗТ Скопје оствари победа над Металац, не го одработи синоќешниот тренинг на аеродромци. 
 
 Сепак, од редовите на македонскиот шампион, оставаат можност Буниќ да биде во составот со Партизан, но се ќе зависи од последните лекарски прегледи и договорот на лекарскиот тим со стручниот штаб.
 
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродорм - Партизан ќе се игра во среда од 17 часот во СЦ „Јане Сандански’’, а е во рамките од 16.коло, кое стартува денеска со два натпревари, Цибона – Цедевита и Крка – Тајфун.