Свет
12. September 2016 - 22:01

Бунт во затвор во Франција

Група осуденици денеска организираа бунт во затвор во западна Франција, подметнувајќи пожар во објектот и кршејќи ги сите врати на затворските ќелии, објавија фарнцуските медиуми.

Според изтите извори, бунтот во затворот во регионот Поату-Шарант почнал кога двајца затвореници нападнале еден од чуварите, му ги одзеле клучевите и ослободиле од ќелиите уште 60-тина други осуденици, по што подметанале пожар.

Француските медиуми јавуваат дека ниту еден од чуварите на затворот не е задржан како заложник, но засега нема точни информации за состојбата во објектот.

Во овој затвор казна отслужуваат околу 180 затвореници.