Фудбал
25. February 2016 - 12:53

Бундес лига: Суспендиран тренерот на Баер Л.

Тренерот на фудбалерите на Баер Леверкузен, Роџер Шмит, нема да може да го предводи својот тим на најмалку три натпревара во Бундеслигата, откако Фудбалскиот сојуз на Германија го казни поради неспортското однесување на натпреварот со Борусија Дортмунд, одигран во неделата.
 
Шмит гласно протестираше поради позицијата од која Борусија требаше да го изведе слободниот удар, кој му претходеше на единствениот гол на натпреварот, поради што судијата Феликс Цвајцер му покажа црвен картон.
 
Меѓутоа Шмит не сакаше да го напушти теренот, па судијата накратко го прекина натпреварот и ги испрати играчите во соблекувалните. Мечот, кој заврши со триумф на Борусија (1:0), продолжи откако тренерот на Баерн го напушти теренот.
 
Поради ваквото однесување Фудбалскиот сојуз на Германија го казни Шмит со три натпревара, плус уште два условно, а исто така му изрече и парична казна во износ од 20.000 евра.