Фудбал
30. January 2016 - 17:27

Бундес лига: Шест гола во Бремен, а немаше победник

 

Во германската Бундес лига попладнево беа одиграни пет натпревари од 19.коло. 

Најефикасен беше дуелот со Бремен каде беа постигнати шест гола, а средбата меѓу Вердер и Херта заврши без победник.
Баер и Борусија остварија победи пред домашните навивачи, додека Шалке се радуваше на гостувањето кај Дармштат. Само еден меч заврши без постигнат гол.

Резултати: 

Петок
Мајнц - Борусија Менхенгладбах 1:0
Сабота 
Вердер – Херта 3:3, 
Дармштат – Шалке 0:2,  
Борусија Дортмунд - Инголштат 2:0, 
Баер Леверкузен – Хановер 3:0, 
Аугсбург – Ајнтрахт 0:0, 
Штутгарт - Хамбургер (од 18:30 часот)
Недела 
15:30 Волфсбург - Келн
17:30 Баерн Минхен - Хофенхајм