Фудбал
1. April 2017 - 9:49

Бундес лига: Хофенхајм ја изненади Херта

Екипата на Хофенхајм оствари победа на гостувањето кај Херта со 3:1 и со тоа се искачи на третото место на табелата. Ова беше првиот дуел од 26.коло од Бундес лигата одигран синоќа. Херта поведе во 32.минута со голот на Петер Пекарик во 32.минута, а головите за Хофенхајм ги постигнаа: Андреј Крамариќ (39.минута – пенал и 86.минута) и Никлас Шуле (76.минута).
Денеска се играат натпреварите: Баерн – Аугсбург, Фрајбург – Вердер, Хамбургер – Келн, Лајпциг – Дармштат, Шалке – Борусија Дортмунд, Ајнтрахт – Борусија Менхенгладбах.
Колото ќе биде комплетирано во недела со дуелите: Инглоштат – Мајнц и Баер Леверкузен – Волфсбург. 
Табела: Баерн 62 бода, Лајпциг 49, Хофенхајм 48, Борусија Дортмунд 46, Херта 40, Келн 37, Ајнтрахт 36, Фрајбург 35,...