Фудбал
20. November 2015 - 17:23

Бундес лига: Хамбургер домаќин на Борусија Дортмунд

Второпласираниот тим во Бундес лигата Борусија Дортмунд вечерва во рамките на 13.коло гостува кај Хамбургер. Популарните „милионери“ ќе се обидат да ја продолжат победничката серија од четири натпревари против ривалот кој настапува во променлива форма и на последните пет натпревари успеа да освои само пет бодови. Почетокот на дуелот е во 20:30 часот.
 
Утре се играат шест натпревари од оваа рунда, а двојките се: Ајнтрахт – Баер Леверкузен, Келн – Мајнц, Борусија Менхенгладбах – Хановер, Штутгарт – Аугсбург, Волфсбург – Вердер и Шалке – Баерн.
Во недела ќе биде комплетирано колото со натпреварите: Херта – Хохенхајм и Инглоштат – Дармштат. 
 
Табела: Баерн 34 бодови, Борусија Дортмунд 29, Волфсбург 21, Херта 20, Шалке 20, Борусија Менхенгладбах 19, Келн 18,...