Фудбал
22. April 2017 - 10:49

Бундес лига: Демирбај донесе бод за Хофенхајм

Екипата на Хофенхајм успеа да избегне пораз синоќа на гостувањето кај Келн во дуел од 30.коло од Бундес лигата. Гостите изедначија во судиското надополнување на вториот дел (90+3), а стрелец беше Керем Демирбај.  Келн имаше водство од 58.минута со голот на Леонардо Битенкорт.
Денеска се играат натпреварите: Баерн – Мајнц, Ајнтрахт – Аугсбург, Хамбургер – Дармштат, Инглоштат – Вердер, Херта – Волфсбург и Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд. Утре играат: ФРајбург – Баер Леверкузен и Шалке – Лајпциг.
Табела: Баерн 69 бодови, Лајпциг 61, Хофенхајм 55, Борусија Дортмунд 53, Херта 43, Келн 41, Фрајбург 41,...